Блиска пријателка откри каква е здравствената состојба на Кејт Мидлтон: Познато е и каде ја однел принцот Вилијам по операцијата

Помина една недела од кога британското кралско семејство не спие добро, а Бакингемската палата во понеделникот објави дека на кралот Чарлс III му бил дијагностициран рак.

Здравствени проблеми имаше и принцезата од ВелсКејт Мидлтон, па пред повеќе од три недели беше подложена на „успешна“ планирана операција на абдоменот, а сега се опоравува.

Како јасен знак за нејзиното закрепнување, таа им се придружи на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, и нивните три деца додека вчераутро тргнаа на полугодишен одмор во имотот „Сандрингам“ во Норфолк, каде што кралот се опоравува.

Кејт Мидлтон добро закрепнува. Таа со нетрпение очекуваше да се промени сценографијата и да може да се опушти во Норфолк додека децата се забавуваат со Вилијам“, изјави пријател на војвотката за Daily Mail.

слика
Кејт Мидлтон

42-годишната принцеза беше отпуштена пред 12 дена од клиника во Лондон каде помина речиси две недели.

Во единствената изјава од Кенсингтонската палата за нејзиното здравје, портпаролот на 17. јануари кажа дека врз основа на сегашните медицински совети, таа веројатно нема да се врати на јавните обврски пред Велигден.

Портпаролот не објасни за природата на нејзината операција, но изворите велат дека не станува збор за рак.

Откако ја напушти болницата, Кејт Мидлтон беше во „Аделаид Котиџ“, семеен дом со четири спални соби во домот Виндзор.

Нејзините деца, принцот Џорџ (10 г.), принцезата Шарлот (8 г.) и принцот Луис (5 г.), одат во училиштето „Ламбрук“ на 15 минути возење далеку во Беркшир. Нивните еднонеделни одмори почнаа вчера.

Интересно е што принцот Хари не беше поканет во „Сандрингем“ и мораше да се задоволи со 45-минутната средба со неговиот татко и маќеа, кралицата Камила, во „Кларенс Хаус“ во средата, додека семејството на Кејт Мидлтон можеше да го види кралот во „Сандрингам“.

Кралот го започна својот „редовен распоред за лекување“ во вторникот, иако претставниците на палатата не дадоа детали за точниот тип на рак.

Кејт Мидлтон и нејзиното семејство ќе престојуваат во „Анмер Хол“, нивниот дом со десет спални соби на имотот „Сандрингам“.

На добротворниот настан претходно во средата, Вилијам и се заблагодари на јавноста за нивните „љубезни пораки за поддршка“.