Пензионер 34 години лажел дека е слеп само за да добива пари од државата: Полицијата почнала да го следи, а тој “паднал на тестот“ од невнимателен потег

Пензионер од Пиемонт (Канада) е осомничен дека 34 години се преправал дека е слеп и незаконски добивал инвалидска помош!

Маж од околината на Торино, кој има 84 години, бил фатен во невидена измама кога полицијата открила дека тој сам се шетал по улица без слепо помагало и читал погребни плакати, но и вадел пари од банкомат.

Истрагата започнала пред неколку месеци по пријава за лажно слепо лице.

Полицијата почнала да го следи што на крајот довело до тоа неодамна да биде пријавен кај правосудните органи за кривично дело тешка измама против државата.

Локалниот суд наредил превентивно одземање на 90.000 евра што ги имал на својата банкарска сметка и станот во Пиемонт. Доколку биде прогласен за виновен, ќе мора да ги врати сите пари што ги добил во текот на 34-те години на наводниот инвалидитет.

Двајца доктори кои во 2020 година изјавиле дека состојбата му се влошила до целосно слепило завршиле на суд. Пензионерот веќе добивал паричен надомест бидејќи имал тешко визуелно оштетување, а потоа пред четири години прегледот покажал дека е целосно слеп.

Истиот град во близина на Торино беше сцена на сличен инцидент што се случи пред неколку години кога друг пензионер, кој се преправал дека е целосно слеп, заминал во самопослуга и работел во градината каде што дури и возел мало комбе. По него тргнала и полицијата и го затекнала како застанува да чита погребни плакати на улица.