ВИДЕО | Играчка за возрасни го вклучи алармот на аеродром: Девојка панично сакала да го сокрие нејзиниот розов вибратор, но обезбедувањето морало да реагира, а видео-снимката од моментот е апсолутен хит

Играчка за возрасни во куфер на девојка предизвикала паника на аеродром!

Камерата го снимила моментот кога млада патничка морала да си го отвори куферот пред обезбедувањето на аеродромот бидејќи постојано го вклучувал алармот поради секс играчка.

Аманда Дијаз Рохас чекала да полета авионот кога обезбедувањето и пришло и ја замолило да го извади и покаже рачниот багаж. Медиумите јавуваат дека стјуардесата претходно слушнала како вибрира куферот.

Инфлуенсерката, која има речиси 100.000 следбеници на социјалната мрежа Тик Ток, го отворила куферот пред полицијата и се испоставило дека алармот го предизвикал нејзиниот вибратор.

Аманда Дијаз Рохас подоцна го споделила видеото на социјалните мрежи, кое досега го погледнале повеќе од 12 милиони корисници.

@amandarojasd

Cuando todo el avion quiere saber porque tu maleta vibra 😫😫

♬ original sound – Amanda

На видеото се гледа како девојката прво ја впиша шифрата на својот куфер, но одеднаш почнува да се смее бидејќи веројатно сфатила што всушност доаѓа од багажот. Аманда Дијаз Рохас потоа го отвора куферот пред полицијата и екипажот на летот и се обидува тивко да го исклучи розовиот вибратор.

Необичниот момент предизвикал смеа кај сите присутни.

Аманда Дијаз Рохас потоа можела да го продолжи својот лет.