Путин в среда ќе се сретне со Си Џинпинг

 – Рускиот претседател Владимир Путин в среда во Кина ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг, соопшти денеска Кремљ, седум месеци по самитот во Москва кој го зацврсти „неограниченото“ пријателство меѓу нивните две земји.

Кремљ соопшти дека в среда, 18 октомври, Путин ќе се сретне со Си во Пекинг на маргините на третиот Меѓународен форум за соработка „Појас и пат“.

– Лидерите ќе разговараат пријателски и отворено … за итните проблеми на практичната билатерална соработка и меѓународни прашања, изјави дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека разговорите меѓу Путин и Си прво ќе се одвиваат во проширен состав со другите членови на нивните влади, а потоа во мали комисии за време на работниот појадок и оти „не е исклучено“ двајцата лидери да разговараат и сами.

Путин, кој патува во Кина со неколку големи руски бизнисмени, треба да зборува и на форумот „Појас и пат“, веднаш по Си.

Рускиот претседател во март го прими Си во Кремљ и двајцата лидери покажаа дека се согласуваат и се залагаат за зајакнување на економската и воената соработка наспроти, како што ја претставија, „американската хегемонија“.