ОН: Повеќе нема да можеме да обезбедуваме хуманитарна помош во Газа

– Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), Филипе Лазарини, изјави дека „повеќе не можат да обезбедуваат хуманитарна помош во Газа“.

Лазарини потсети дека во Газа нема вода, струја и гориво.

„Моите колеги од УНРВА повеќе не можат да обезбедуваат хуманитарна помош за жителите на Газа. Бројот на луѓе што бараат засолниште во нашите училишта и во другите објекти на УНРВА е огромен и ние веќе немаме капацитет да се справиме со нив“, рече Лазарини.

Тој смета дека наскоро во регионот нема да има ниту храна ниту лекови.

Тој потсети дека Газа е под блокада веќе 16 години и дека повеќе од 60 отсто од населението има потреба од меѓународна помош во храна.

„Газа пропаѓа и се чини дека светот ја загуби својата хуманост. Ако сега не се достават резерви во Газа, УНРВА и хуманитарните работници не ќе можат да продолжат со хуманитарните операции“, рече Лазарини.

Тој ги повика сите страни да отворат коридор за хуманитарна помош

Во израелските воздушни напади во Газа загинаа 2.750 Палестинци. Меѓу загинатите во израелските напади има повеќе од 750 деца.