Нови вознемирувачки детали од убиството на ММА борецот! Кобниот момент не е снимен, Стефан го искасапиле пред клубот: Злосторството било планирано 5 месеци

Бегалците Василије Гачевиќ (23) и Марко Даничиќ (23), кои се осомничени дека на 25 февруари во Белград брутално го убиле српскиот репрезентативец и ММА борец Стефан Савиќ (23), злосторството го планирале пет месеци, неофицијално дознава српскиот портал Курир.

Да потсетиме, убиството се случи час по полноќ на аголот од улиците Добричина и Дунавска во Дорчол. Се сомнева дека мотивот за ова брутално убиство е конфликтот од пред две години кога ММА борецот бранејќи го својот другар наводно му ја скршил вилицата на Даничиќ кој оттогаш бил желен за одмазда. Убиството на ММА борецот го снимиле надзорните камери, а на снимката јасно се гледа како осомничените се потсмеваат на жртвата додека лежи на асфалтот. По злосторството, осомничените фудбалери побегнале и оттогаш полицијата трага по нив.

убиениот млад човек Стефан Савиќ

Изворот на Курир вели дека во текот на истрагата се добиени нови информации за бегалците, но и за самото кривично дело. Изворот вели дека има индиции дека ова убиство било планирано.

– Убијците сè детално испланирале. Наводно, Савиќ почнале да го следат пет месеци порано, буквално во еден момент стигнале до фаза да знаат каде е на секој час и со кого е. Се чини дека го чекаа најпогодниот момент за напад – изјави за Курир пријател на покојниот ММА борец.

Изворпт вели и дека освен што ја следеле жртвата, осомничените фудбалери го планирале и нивното бегство.

– Покрај повеќемесечното следење, убијците го планирале и своето бегство. Има информации дека сите пари, за поголемата сума, ги подигнале од банкарски сметки. Тоа укажува дека тие планирале сè и биле подготвени да побегнат откако го убиле Савиќ – вели изворот и додава дека слушнале дека полицијата пронашла стан во близина на Ѓермо во Белград, за кој се сомневаат дека го користеле осомничените по убиството.

– Во тој стан полицијата наводно пронашла крвава облека која била испратена на вештачење, се чини дека двајцата таму се пресоблекувале и продолжиле понатаму. Изгледа како однапред да организирале сè и, по злосторството отишле во тој стан, се пресоблекувале и се разделиле, односно секој тргнал по својот пат. Добивме информации дека едниот се крие во Косово, а другиот во Хрватска, но сето тоа е неофицијално – велат пријатели на убиениот млад човек за Курир.

Кобната вечер, како што изјави соговорникот, откако добиле дојава дека Савиќ е во ноќен клуб, напаѓачите дошле со намера да убијат.

камерите снимија како насилници го тепаат борецот мма легнат на асфалтот

– Стефан доби дојава таа вечер. Некој им кажал на фудбалерите каде е, а тие дошле вооружени со остар нож. Тие дојдоа пред клубот, чекајќи го надвор да излезе. Кога излезе го нападнаа, слушнавме дека му ги дале првите убоди токму таму, пред клубот, одзади во бубрегот. Тој бил ранет. Од убодот се онесвестил, по околу 200 метри се потпрел на паркиран автомобил, а убијците потоа го фатиле. Стефан крварел. Слабо се бранеше и падна. Еден од двајцата го крена од земја, го држеше за раце, додека другиот избезумено го прободе со нож по телото – раскажува низ солзи пријател на ММА борецот.

Неутешниот пријател на убиениот Стефан Савиќ за Курир изјави дека неговото семејство и пријателите не можат да разберат „дека тие момци се такви ѕверови што го искасапија без сериозна причина“.

– Го заклаа, додека крвта бликаше и се излеа по него! Не можеше повеќе да издржи. Џелатите му го исекле кожениот појас на Стефан дебел пет сантиметри, па можете да замислите што му направиле и со каков нож го убиле. Го осакатувале толку многу што имал повеќе од 19 убоди. И да беа хирурзите во тој момент покрај него, немаше да можат да го спасат – со треперлив глас вели пријателот на убиениот и продолжува:

– Снимката која беше објавена во јавноста е буквално ништо во споредба со снимката од целото убиство. Јасно се гледа што му направија, тој се бореше херојски како што знаеше во рингот, но за жал, не успеа да побегне од овие жестоки убијци.

Издаден налог

Припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) успеале да ги идентификуваат осомничените за убиството – Марко Даничиќ (23) и Василиј Гачевиќ (23).

Полицијата по двајцата распишала наредба за потерница.