Почина легендарниот светски рекордер, првиот човек кој истрча 100 метри под 10 секунди

Неговото време стоеше како светски рекорд цели 15 години.

Меѓународната атлетска федерација (Светска атлетика) објави дека легендарниот американски спринтер Џим Хајнс , првиот човек кој официјално истрча 100 метри под 10 секунди и ја освои титулата олимписки победник во Сиудад де Мексико во 1968 година, почина во саботата на 76-годишна возраст. .

Хајнс истрча 100 метри за 9,9 секунди на првенството на САД во 1968 година во Сакраменто, но бидејќи тој резултат не беше измерен по електронски пат, тој не беше официјално признат како прв под 10 секунди. Но, со таа победа, тој се квалификуваше за ОИ во Сиудад де Мексико, каде стигна до златото со време од 9,95 секунди измерено по електронски пат, со што стана првиот човек кој поминал под 10 секунди.

Тоа негово време важеше како светски рекорд цели 15 години, односно додека Калвин Смит не истрча 9,93 секунди во 1983 година.

Покрај поединечното злато на 100 метри, Хајнс го освои златото и како член на американскиот тим за штафета на 4х100 метри на Олимписките игри во 1968 година.

По неговото појавување на ОИ во Сиудад де Мексико, Хајнс играше професионален американски фудбал и играше за Мајами Долфинс и Канзас Сити Чифс во НФЛ.