БМВ во близина на Мостар прегазило деца кои излегле од автобус: Возачот и три деца се пренесени во болница

Три деца и возачот на БМВ се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во Благај кај Мостар, потврди за N1 BiH портпаролот на МВР на ХНК, Људевит Мариќ.

Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 19 часот и 15 минути, кога возач на БМВ налетал на три деца, информира портпаролот на МВР на ХНК.

„Децата излегоа од автобусот, а возач налета ви нив. Засега не ги знаеме деталите, истрага е во тек“, изјави Мариќ и додаде дека три деца и возачот се повредени и се хоспитализирани.

Не е познато колку се сериозни повредите. Повеќе информации ќе бидат познати по увидот.