Со години сакала да забремени, се пороѓала 25 часа, изгубила 1,7 л крв, а потоа дошол шокот: „Кошмар на секоја мајка…“ (фото)

Тејлор Џонстон (29) почина само четири месеци по раѓањето на бебето Били Меј преку ин витро оплодување. Млада мајка од Австралија 10 дена по породувањето дознала дека има рак на грлото на матката, а подоцна било утврдено дека има и терминален карцином на коскената срцевина, пишува Daily Mail.

– Нашата сакана Тејлор доби ангелски крилја и сега нè чува. Уште една убава душа земена прерано. Почивај во мир, ќе живеат твојата вечна насмевка, заразната енергија и љубезниот дух, стои на страната GoFundMe со информација дека починала на 18 септември.

Тејлор се омажила за Џеси во 2022 година. Тие се мачеле преку два круга на ИВФ пред таа да може да забремени.

Соопштение за трагичната смрт објави и клубот Рај Нетбол, каде што играше Тејлор.

– Потресени сме од вестта за смртта на еден од нашите омилени играчи по кратка, но храбра битка со ракот. Сите што го делеле подиумот или дворот со неа ја сакале, напишале тие.

Таа и нејзиниот сопруг долго време се обидувале таа да зсбремени, но, на крајот се свртеле кон ИВФ третман кој имал позитивен исход.

На 19 мај, по маратонски 25 часа труд, таа конечно ја родила својата прекрасна Били Меј. Пораѓањето завршило со итен царски рез и губење на 1,7 литри крв, при што акушерките откриле полип на грлото на матката.

Радоста на парот поради раѓањето на детето кратко траела бидејќи 10 дена подоцна пристигнале резултатите од тестовите кои откриле дека израстокот всушност е рак на грлото на матката. Дијагнозата само се влошила откако низа тестови со МRI и ПET скенови покажале дека болеста се проширила на коскената срцевина.

– Нивниот свет застана. Тие беа скршени, со скршено срце и вкочанети, не можеа да дишат, напиша сестрата на Тејлор Лани Дорнинг на страницата GoFundMe.

Сопругот на Тејлор не можел да се врати на својата работа како столар бидејќи се грижел за новороденчето додека неговата сопруга била подложена на исцрпувачки третман.

– Не можеше да го има бебето со себе преку ноќ додека беше на хемотерапија. Најлошиот кошмар на секоја мајка. Немаше среќа само да може да ја држи во текот на ноќта, да ја мириса и почувствува, напишала сестрата.

Поради сериозноста на случајот, Џонстон веднаш бил упатен на итна хемотерапија и не биле направени тестови за да се открие од каде започнал ракот.