На врвот на листата на богати годинава е Њујорк, кој може да се пофали со неверојатни 340.000 милионери, како и 58 милијардери. На второто место е главниот град на Јапонија, Токио, кој е дом на, верувале или не – 290 илјади милионери. Патем, за да се избегне забуна – валутата за која зборуваме се американски долари.

Во вестите кои не се најважни за „обичните смртници“, можеби се пропуштени информациите за најбогатите градови на планетата. Критериумот овојпат е едноставен – се разгледани градовите во кои живеат најголем број милионери, а листата што ја состави компанијата Henley & Partners (проучи 97 градови) ја донесе порталот Timeout.
На врвот на листата на богати оваа година е Њујорк , кој може да се пофали со неверојатни 340.000 милионери, како и 58 милијардери. На второто место е главниот град на Јапонија, Токио, кој е дом на, верувале или не – 290 илјади милионери. Патем, за да се избегне забуна – валутата за која зборуваме е американски долари .

Американската област Заливот (Сан Франциско и околината) е трета на листата, веројатно благодарение на добро платените технолошки работници во Силиконската долина. Инаку, таму живеат најмногу милијардери , дури 63 од нив . Оваа година само еден европски град влезе во првите десет најбогати градови, тоа е Лондон , а најголем дел од листата доминираат градови во САД и Азија.