БОГАТО СЕМЕЈСТВО ПРОНАЈДЕНО МРТВО: Невиден хорор го потресе градот пред празникот ТЕЛАТА НА ПОЗНАТИОТ ПАР И НИВНАТА ЌЕРКА ГО ОТКРИ РОДНИНА 

Богатото семејство е пронајдено мртво во нивната куќа во Масачусетс, вредна 5 милиони долари.

Телата на брачната двојка Ракеш Камал (57) и Тина Камал (54) и нивната ќерка Аријана (18) беа пронајдени во четвртокот во нивната куќа во Довер.

Обласниот обвинител соопшти дека постои сомнеж за семејно насилство. Тој наведува дека во близина на телото на мажот бил пронајден пиштол, но не сакал да каже дали се убиени сите тројца членови на семејството и кој е убиецот. Тој, исто така, одби да шпекулира за мотивите на убиствата .

Медиумите пренесуваат дека брачната двојка во последните години се соочувала со финансиски проблеми и дека пред една година им била одземена вилата поради долгови и продадена за три милиони долари.

Семејството Камалс плати 4 милиони долари во 2019 година за замокот од 1.800 квадратни метри, со 11 спални и 13 бањи во една од најлуксузните населби во Масачусетс.

Тина и Ракеш претходно водеа компанија за образовни системи во Масачусетс, наречена ЕдуНова. Компанијата е основана во 2016 година, но беше затворена во декември 2021 година. Веб-страницата на компанијата и страниците на парот на LinkedIn се неактивни од петокот.

Ракеш Камал, Тина Камал, Аријана Камал, Масачусетс

Тина, која беше студентка на Харвард, поднесе барање за стечај во септември 2022 година. Тогаш изјавила дека имала обврски меѓу 1 и 10 милиони долари.

Таа служеше во одборот на директори на Американскиот Црвен крст од Масачусетс и има тридецениско искуство во образовната и технолошката индустрија.

Ракеш Камал, Тина Камал, Аријана Камал, Масачусетс

Аријана била студентка на колеџот Мидлбери во Вермонт, приватно училиште за либерални уметности од 64.800 долари годишно, а студирала невронаука, според нејзиниот LinkedIn.

Телата ги открил роднина кој застанал да ги провери откако не се слушнале неколку дена.