ВИДЕО | ТОТАЛЕН ХАОС! Погледнете како ‘Гробари’ ги пречекаа кошаркарите на Партизан на аеродромот во Белград по победата во Мадрид: “Ооо Партизане…“

Кошаркарите на белградски Партизан се на чекор до пласман на завршниот турнир во Евролигата, откако во Мадрид го совладаа Реал Мадрид со 90:85 (31:21, 20:16, 24:25, 20:18) во вториот натпревар на четвртфиналето, а во серијата што се игра во три победи поведоа со 2:0.

Натпреварот заврши на минута и 40 секунди пред крајот поради тепачка во која учествуваа речиси сите играчи на двата тима.

Инцидентот се случи кога Серхио Љуљ крајно грубо го фаулираше Кевин Пантер, па следеше реакција на капитенот на Партизан, а потоа почна тепачката во која најлошо настрада Данте Ексум.

По пристигнувањето во Белград, стотици „Гробари“ ги пречекаа своите херои и откако се појавија на излезот од аеродромот, ги поздравија со песната: „Ооо Партизане, ти си најдобар на цел свет…

Првата „меч топка“ Партизан ќе ја има во вторник, за кога е закажан третиот натпревар од серијата, а доколку не ја искористи, ќе има втора шанса во четврток.

Погледнете како изгледал пречекот на кошаркарите на Партизан ОВДЕ.