БОГАТ ПЕЈАЧ Е ТАТКОТО НА МАЦА ДИСКРЕЦИЈА: Ова е ВИСТИНАТА за нејзиното потекло, откри мајката на старлетата: „Тој беше оженет“

Старлетата и поранешна учесничка во реалното шоу Сенада Нуркиќ, попозната како Маца Дискреција, никогаш не го запознала својот татко, а како што тврди нејзината мајка, тој е познат и богат пејач.

Маца Дискреција повеќе пати во јавноста изјавуваше дека нема никаков контакт со нејзиниот татко, а нејзината мајка открива дека нејзината ќерка знае кој и е татко.

Маца Дискреција

– Никогаш не криев кој е нејзиниот татко од неа. Таа беше полнолетна. Не барав да ја препознае, тој беше женет, не сакав да раскинам ничиј брак. Јас тогаш немав искуство да се заштитам, се породив на 20 години. Во тоа време тој имаше четиригодишна ќерка. Ми даде пари да се исчистам, но јас не сакав да се чистам. Не е тој крив, јас сум крива што не се рапрашав – изјави нејзината мајка Енеса Нуркиќ.

-Таа е плод на невозвратена љубов и реков: „Јас сама ќе ја преземам одговорноста, дури и да спијам по пат“ и навистина не ми дозволија да ја донесам дома. Само неколку дена подоцна ме прими очувот и мајка ми. А јас направив се за да има се што сака – додала Енеса.

– Рече дека не знае кој и е татко и дека го бара, но знае се! Кога беше доволно возрасна, и реков да оди да се запознае со него. Нејзиниот татко бил пејач, тој бил богат и таа се интересирала за него поради тоа што го имал. Но, таа не отиде да го запознае, иако можеше – заклучила за „Гламур“.