Директорот на Царинската управа на РСМ, Стефан Богоев, вели дека средбата меѓу власта и опозицијата ќе биде од технички карактер и ќе се однесува на формирање на техничката влада.
„Средбата меѓу власта и опозицијата ќе биде од технички карактер и се однесува на формирање на техничка влада, ресори, луѓе, формат итн. Самото име техничка влада укажува на технички карактер. Има карактер да организира избори од технички аспект. Поентата е да се нагласи дека средбата е ваква, нема да се носат клучни одлуки“, изјави Стефан Богоев за емисијата „Трилинг“.
На прашањето дали ќе се тестира за техничко владеење без ДУИ, Богоев одговори дека ваква идеја воопшто не се размислувала и тој самиот не мисли дека ќе се размислува за такво нешто.
„Не е важно дали е Македонец, дали е од ДУИ, дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ. Она што е важно е да се формира влада која ќе ги дели истите вредности. Гледате дека сега полека се формира европски блок кој ги споделува европските вредности, на кој ми е драго што припаѓам. Блок кој верува дека државата Македонија е во Европската Унија. Од друга страна, се формира антиевропски блок, кој порано беше анти-НАТО блок, сега е анти-ЕУ блок, формиран пред се од ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, вели Богоев.