СДСМ: Субвенциите за лозарите од 40.000 до 52.000 денари по хектар

Лозарите за производство на вино ќе добијат субвенции од 40.000 до 52.000 денари по хектар, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Со измените во програмата за директни плаќања, субвенциите за лозарите се зголемуваат од 40.000 денари по хектар на 52.000 денари по хектар.

Исто така, се креира нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје што се доставува до регистрираните винарии со дополнителни денари за килограм.

До крајот на годинава ќе продолжи реализацијата на авансот од 30 отсто од субвенциите со кои се обезбедени 150 милиони денари за лозарите, велат од СДСМ.