Оваа пејачка е НАЈСЛЕДЕНАТА жена на Инстаграм: Ги надмина дури и Тејлор Свифт и Кајли Џенер!

Има неверојатни 429 милиони следбеници!

Селена Гомез е најследената жена на Инстаграм. Селена има 429 милиони следбеници на Инстаграм, многу повеќе од нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт, која има 272 милиони, и претходната шампионка Кајли Џенер, која има 399 милиони следбеници.

Иако е благодарна што може да им помогне на луѓето споделувајќи корисни совети, Селена верува дека оваа титула и носи повеќе проблеми.

“Тоа е голема одговорност. Малку е страшно. Броевите се само бројки”, изјави Селена за нејзините следбеници на Инстаграм на конференцијата за менталното здравје и влијанието на социјалните мрежи.

Кога сме кај Инстаграм, популарната Селена ги споделува своите секојдневни активности со своите следбеници, но најавува и нови проекти. Така таа најави нов сингл, кој според неа треба да излезе наскоро.