Во Хаг денеска ќе продолжи судењето на Тачи и на другите поранешни лидери на ОВК

Судењето за случајот „Тачи и другите“ продолжи денеска во 9 часот, соопшти Специјалниот суд.

Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими започна на 3 април.

За време на судењето минатата недела, првиот сведок беше сослушан, најчесто на затворени седници. Како што претходно објасни Мајкл Дојл, портпарол на Специјализираните совети на Косово во Хаг, првиот сведок сведочел на приватна седница, бидејќи судијата така одлучил за да го заштити идентитетот и безбедноста на сведоците или жртвите.

Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Косово и Албанија над најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 98 се убиени.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето, а за овие злосторства им се заканува доживотен затвор.