„БОКИНГ“ ЈА ПРИЗНА ГРЕШКАТА ПО СТРАШНАТА НЕСРЕЌА: Шокираниот извршен директор се огласи со потресни зборови

Компанијата за производство на авиони, „Боинг“ призна направена грешка откако нејзин авион остана без врата кусо по полетување во САД, соопшти извршниот директор на американската компанија, Дејв Калхун.

– Ќе пристапиме кон ова признавајќи ја нашата грешка со целосна транспарентност на секој чекор. Компанијата целосно ќе соработува во истрагата за причините за инцидентот, изјави Калхун.

„Потресен сум до коска“

Калхун рече дека бил „потресен до срж“ од несреќата.

„Јас имам деца, а и вие…“

На одделен состанок вчера, Боинг им кажа на вработените дека наодите се третираат како „прашање за контрола на квалитетот“ и се разгледуваат со Боинг и добавувачот на авионска рамка Spirit Aerosystems, рекоа извори запознаени со ова прашање.

Боинг испрати писмени наредби до своите капацитети и фабриките на своите добавувачи за да се осигура дека ваквите проблеми се решени и да се спроведат поопсежни проверки на системите и процесите, рекоа тие.

Калхун, исто така, им рекол на вработените во Боинг дека компанијата „ќе се погрижи секој следен авион што лета да биде безбеден“. „Јас имам деца, имам внуци, а и вие“, им рекол Калхун на вработените, според транскриптот што го сподели Боинг.

Авион „Боинг 737 макс 9“ на „Алјаска ерлајнс“ во петокот полетал од аеродромот во Портланд, Орегон, САД, а набргу останал без врата што не се користела во тој миг, а којашто се откачила во летот и паднала во двор на приватен дом. Станува збор за предмет тежок 27 килограми, вграден во трупот на леталото.

Во незгодата нема повредени, а момчето кое седело близу местото каде што се откачила вратата, поради декомпресија, останало без кошула.

Во САД се приземјени 171 летало „Боинг 737 Макс 9“, заради задолжителни проверки. Според американските медиуми, кај летала на „Јунајтед ерлајнс“ веќе се пронајдени лабави завртки