ВИДЕО | КАКВА МАГИЈА НА ЛУКА ДОНЧИЌ – Тргна на лесен “леј-ап“, а она што го изведе ги остави сите во неверување

Кошаркарите на Далас Маверикс загубија од Мемфис Гризлис (120:103) и покрај одличната партија на словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.

Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 31 поен, шест скока и исто толку асистенции, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне убедлив пораз.

Интересно, најатрактивниот потег беше виден пред самиот почеток на натпреварот. На социјалните мрежи се појави видео од спектакуларен кош кој Лука Дончиќ го даде на загревањето. Замина на лесен „леј-ап“ (положување), а потоа изведе вистинска мајсторија. Ја фрли топката преку табла и таа влезе во кошот!

Неговиот потег предизвика ентузијазам кај сите присутни и стана хит на социјалните мрежи.