Боки 13 пуштен од затвор! По четири години, тој повторно е слободен

Контроверзниот Боки 13 е ослободен од затвор.

Причината е неговата лоша здравствена состојба, поради што Кривичниот суд одлучи да го ослободи од затвор откако се запозна со сите лекарски извештаи од повеќе клиники и лекари.

Боки 13

Боки 13 бил опериран, по што бил во лоша здравствена состојба, поради што е неопходно лекување во надворешни услови.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџија тврди дека одлуката, иако бавна, е праведна.

„Во однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител, ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за прекинување на издржувањето на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски. Оваа одлука иако доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежниот јавен обвинител во иста постапка и врз основа на комплетна медицинска документација за за здравјето на осудениот“, истакнува Туфегџиќ.