Потресна снимка од палестинското момче Калед: Отвора вреќи и си ги бара телата на убиените родители

Палестинското момче Калед е снимено како ги бара своите најблиски меѓу телата на убиените во една од болниците.

Во воздушен напад врз градот Деир Ал Балах, во Појасот Газа, загинаа најблиските членови на семејството на Калед.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како Калед ги бара своите најблиски во болницата „Шехиди Аксе“, каде се чуваат телата на убиените. Во шокантното видео Калед ги отвора вреќите за да ги препознае лицата на најблиските.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали. Израелската армија продолжи со интензивните воздушни напади врз Газа, уништувајќи цели населби.

Неутврден број луѓе останаа заробени под урнатините.