Џенифер Анистон е на мета на гледачите затоа што мислат дека претерала со операциите: Повеќе не личи на себе

Џенифер Анистон стана мета на критики на многу гледачи на „The Morning Show“ кои сметаат дека претерала со пластичните операции.

“Ја гледам новата сезона на шоуто и не ми се верува што Џенифер и направи на лицето. Таа веќе не личи на себе”, “Изгледа многу чудно. Не можам повеќе да ја гледам и Некогаш ја сакав. Едно е да се дотеруваш, друго е целосно да се уништиш“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Хирургот Сем Ризк го даде своето мислење за The New York Post.

“Таа дефинитивно отишла под нож. Ги стегна образите и вратот, а вилицата. Нејзините очи исто така изгледаат затегнато”, рекол тој.

Додаде дека верува оти отишла и на блеропластика со која се отстранува вишокот кожа околу очите и дека многу жени во педесеттите се одлучуваат да ги направат овие зафати.

Анистон неодамна изјави дека го одржува својот младешки изглед следејќи четири правила.

„Пијам многу вода, се движам секој ден, јадам свежа храна и спијам колку што можам повеќе“, рече таа. Таа постојано ги негираше обвинувањата за пластична хирургија.