Дали знаете како е вистинското име на Џиџи Хадид? Често е во овие области

Џиџи Хадид е една од најпознатите манекенки во светот, а ретко кој го знае нејзиното вистинско име.

Нејзиното име е всушност Јелена (од Хелена). Ова име е од грчко потекло и значи светло, сјајно. Често е во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Русија и други земји.

Според грчката легенда, тоа било името на убавата Јелена, најубавата жена на светот, ќерка на Зевс и Леда. Во својата Илијада, Хомер ја обвинува убавината на оваа жена за Тројанската војна.

Во 2017 година, манекенката откри зошто го користи името Џиџи.

„Баба и викаше на мајка ми Џиџи, а потоа почна и мене да ме вика на тоа име. Во прво или второ одделение во основно училиште имаше уште едно девојче по име Јелена, па често доаѓаше до збунетост кога учителката не викаше со имиња. Ја прашала мајка ми за некој прекар да ми дадат и мајка ми кажала нека биде Џиџи“, рече таа.

Нејзиното средно име е Нура. Мајката на Џиџи, Јоланда, е од Холандија, а нејзиниот татко Мохамед е од Палестина. Таа често истакнува колку е горда на своето потекло. Пред неколку дена израелската влада ја нападна на социјалните мрежи дека ја поддржува Палестина.