БОЛНА ИСПОВЕД – Ова е првата жена која го извади Доналд Трамп пред судот и го обвини за грозоморно силување: “Ми ги пикна прстите во вагинат*, ме притисна за ѕидот…“

После тоа никогаш повеќе не се заљубила, никогаш повеќе не била во маж. Писателката Е. Џин Керол (79 г.) пред судот на Менхетен сведочеше дека била силувана од Доналд Трамп (76 г.) во соблекувалната на стоковна куќа во средината на 20-тите години од животот, што ја оставило во длабока траума која ја лекувала со децении.

Во Њујорк започна историското судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување, но тој самиот не се појави пред судот. Доналд Трамп е обвинет за силување и сексуален напад од повеќе од 25 жени, но и покрај фактот што некои од овие обвинувања се познати со години, тој беше избран за претседател на САД.

Со децении ја чекав можноста да ја раскажам мојата приказна“, со треперлив глас кажала Е. Џин Керол на вториот ден од судењето. „Можноста конечно да добијам шанса на суд е сè за мене“, нагласила таа, објави New York Times

Е. Џин Керол е познатa американска новинарка, авторка на неколку книги и долгогодишен колумнист за магазинот Elle, како и ко-водител на познатото шоу „Saturday Night Live“.

Откако налетала на Доналд Трамп во стоковната куќа Bergdorf Goodman на Менхетен, таа се насмеала и се пошегувала. „Тоа беше комедија. Беше смешно, а потоа се претвори во…Бев засрамена. Мислев дека е моја вина“, рекла таа со плашлив глас.

Е. Џин Керол можела да го тужи Доналд Трамп за силување благодарение на тоа што државата Њујорк усвои закон со кој на жртвите на сексуален напад им беше дадена една година да ги поднесат своите тужби, без оглед на тоа дали истекол рокот на застареност. Ова е граѓанска тужба со која се бара компензација, а не кривична постапка. Писателката бара од Доналд Трамп компензација за силувањето, како и за клеветата, бидејќи Доналд Трамп ги отфрлил нејзините обвинувања како „измама и лаги“ минатиот октомври. 

Во средата наутро, Доналд Трамп повторно го нарече судењето – „измислена измама“ и „измама и лажна приказна“ преку неговата социјална мрежа Truth Social, поради што судијата Луис АКаплан изјави дека поранешниот претседател се обидува да влијае на судот. „Тие изјави се целосно несоодветни“, му рекол судијата на адвокатот на Доналд ТрампЏозеф Такопина.

Е. Џин Керол сведочела како одговор на прашањата на еден од нејзините адвокати. „Зошто си овде денес ?“, ја прашал Мајкл Ферара, а таа одговорила: Тука сум затоа што ме силуваше Доналд Трамп, а кога пишував за тоа, тој тврдеше дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот, а јас сум тука да се обидам да си го вратам животот“. Сведочењето траело поголем дел од денот, пишува весникот NYTКерол изгледала смирено и промислено, но признала и дека има празнини во меморијата, пишува весникот. Така, таа не го знае точниот датум кога се случило силувањето.

Еден ден на враќање дома од работа, застанала кај стоковната куќа. Таа тогаш го запознала Доналд Трамп на излеззот и кажала: „Еј, ти си тој консултант“, „Еј, ти си тој тајкун со недвижнини“, признала таа. Била воодушевена кога тој ја замолил да му помогне да избере подарок за неговата сопруга, каде Доналд Трамп нашол боди, и ја замоли неа да оди да го облече на себе. Таа одбила, велејќи дека не треба таа да го облече. Тој и дал знак да влезе во соблекувалната, немало никој наоколу. Откако влегле во соблекувалната, Доналд Трамп веднаш ја затворил вратата и ја нападнал, а таа пред судот кажа: „Бев крајно збунета и одеднаш сфатив дека тоа што мислев дека се случува“. Таа не сакала да го налути и кажала: „Не сакав да направи сцена таму“.

Таа го оттурнала, а тој повторно ја турнал на ѕидот удирајќи и ја главата во ѕид. Керол пред судот опиша како Трамп го притиснал нејзиното тело на ѕидот, а потоа и ги соблекол хулахопките. Таа го оттурнала од себе, многу исплашена. „Неговите прсти влегоа во мојата вагина, што беше исклучително болно“, сведочела таа и додала: „Потоа го стави пенисот во мојата вагина. Оттогаш, од средината на деведесеттите, јас никогаш повеќе немав секс“, сведочеше Е. Џин Керол пред американскиот федерален суд во Менхетен.

По силувањето, во шок, побегнала од стоковната куќа. Подоцна таа многу се обвинувала себеси. А сега кажала дека нејзината одлука да се согласи да влезе во соблекувалната со Доналд Трамп била „многу глупава“.

Ден по нападот им кажала на пријателите. Таа на новинарката и писателка Лиза Бирнбах и рекла дека била силувана и дека мора да оди во полиција. Друга пријателка, Керол Мартин, и рекла да не кажува никому затоа што Доналд Трамп е моќен и може да ја закопа со своите адвокати. Поради тоа таа молчела повеќе од 20 години.

Се плашев од Доналд Трамп“, нагласила таа пред судот.

По силувањето, пред нејзините очи постојано се појавувале болни спомени, најмногу веднаш по нападот. Најмногу ја погодило тоа што после тоа веќе не можела да стапи во врска со друг. „Во основа сум среќна личност, но свесна сум дека изгубив едно од најславните искуства на секое човечко суштество: да бидам вљубен во некој друг, да готвам вечера со него, да го шетам кучето заедно“, кажала Е. Жан Керол, првата жена која успеа да го изведе Доналд Трамп на суд за да одговара за силување.