Малолетничка деликвенција во Скопје: Повреден малолетник со остар предмет

 – Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје со повреди од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен утрово, околу 2.30 часот, во СВР Скопје.

Според пријавеното, по претходна расправија, на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ тој бил нападнат со остар предмет од двајца  други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.