Еве во каква состојба се децата кои преживејаа 40 дена во џунгла: Една работа била клучна за нивно спасување (фото)

Четири деца кои успејаа да преживеат без помош 40 дена во џунглата на Амазон, откако авионот со кој патуваа се урна во густата џунгла, сега се пуштени од болницата каде што се лекуваа, соопшти вчера колумбиската влада.

Членовите на племето Уито, четирите деца – на возраст од 1, 4, 9 и 13 години, ја преживеале несреќата на Цесна 206 во која патувале со нивната мајка и уште еден роднина. Мајката починала четири дена по авионската несреќа.

Преживувањето на децата во голема мера се припишува на знаењето за густата вегетација, но и на храброста на 13-годишното девојче кое цело време се грижело за нив.

– Преживејаа јадејќи брашно, кое го нашле во авионот, а потоа јаделе семки – вели дедото.

А бабата вели дека борбеноста на нејзината најстара внука била пресудна за децата да преживеат во ужасите на џунглата.

– Обично таа се грижела за своите браќа и сестри кога нивната мајка била на работа. Им дала да го изедат тоа брашно, малку леб што имало и бобинки што ги нашле – вели бабата.

– Ја вратија посакуваната тежина, навистина добро им оди, изјави за новинарите Астрид Касерес, директорка на Националниот центар за социјална работа.

Четворицата браќа ќе останат под заштита на центарот поради „комплицирана семејна ситуација“, рече Касерес.

Семејството на мајката и таткото на двете помали деца се борат за старателство, но одлука не се очекува пред крајот на годината.