Повреден работник од Радовиш при извршување работни задачи во приватна фирма

 – Во Полициската станица Радовиш, од Здравствен дом Радовиш вчера било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.П.(20) од с.Јаргулица, Радовишко, се наведува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во приватна фирма. Посочуваат дека бил извршен увид.