БОМБА ВЕСТ ЗА ‘РОСОНЕРИТЕ’ – Златан Ибрахимовиќ ќе биде новиот тренер на Милан: Легендарниот фудбалер доби понуда која не може да ја одбие !?

Златан Ибрахимовиќ (41 г.) на лето стави крај на својата успешна фудбалска кариера и сега е подготвен да се испроба во тренерската кариера.

Златан Ибрахимовиќ
Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ остана во Милан до самиот крај на неговата кариера. Се шпекулираше дека дури може да се врати на теренот повторно, но се случи пресврт и по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Милан и Њукасл (0:0) се појавија вести дека Швеѓанецот добил предлог да биде тренер во клубот. Оваа информација ја објави весникот Gazzetta Dello Sport.

Италијанскиот печат тврди дека Златан Ибрахимовиќ би стартувал како помошник на првиот тренер Стефано Пиоли, а би бил ангажиран во стручниот штаб. 

На прашањето на оваа тема, Златан Ибрахимовиќ се пошегувал дека може да се врати на теренот и избегнал да даде конкретен одговор за предлогот што го добил од клупското раководство.

Дојдов овде и веднаш му кажав на тренерот дека сум подготвен да играм, но моето име го немаше на списокот. Сепак, се чувствувам добро и фит. Шегите на страна, продолжувам да навивам за Милан, се ќе биде во ред, се гледаме на Сан Сиро“, изјавил Златан Ибрахимовиќ.

Златан Ибрахимовиќ, репрезентативецот на Шведска со балкански корени, во кариерата на 819 натпревари постигна 493 гола.

Во текот на својата кариера, Златан Ибрахимовиќ ја имаше привилегијата да работи со некои од најдобрите тренери во неговата ера, како Роналд Куман (Ајакс), Фабио Капело (Јувентус), Жозе Мурињо (Интер, Манчестер Јунајтед), Карло Анчелоти, Лоран Блан (ПСЖ)… Единствениот стручњак со кој Златан Ибрахимовиќ никогаш не успеа да најде заеднички јазик беше Пеп Гвардиола кога работеа заедно во Барселона.