БОМБА ВЕСТ ОД ТАЈНИТЕ ДОКУМЕНТИ НА КИЕВ – Пронајдени европски компоненти во ирански дронови со кои Русија ја тероризира Украина !?

Различни компоненти од европските производители биле инсталирани во иранските беспилотни летала што Русија ги користи во нападите врз Украина, се вели во таен документ што официјален Киев го испратил до западните сојузници со барање за испорака на ракети со долг дострел за напади на производствени локации во Русија.

Во документ од 47 страници што украинската Влада го достави до лидерите на Г-7 во август, Киев тврди дека во претходните три месеци имало повеќе од 600 напади од руски беспилотни летала (UAVs) кои содржат западна технологија, пишува весникот The Guardian.

Според извештајот до кој дојде The Guardian, 52 електрични компоненти произведени од западни компании биле пронајдени во дрон, кој има опсег на летот од 2.000 километри и брзина на крстарење од 180 километри на час.

Пет европски компании, вклучително и полска подружница на британска мултинационална компанија, беа именувани како оригинални производители на идентификуваните компоненти.

Меѓу производителите има компании со седиште во земјите од коалицијата што воведоа санкции кон Русија: САД, Швајцарија, Холандија, Германија, Канада, Јапонија и Полска“, се наведува во документот што го објави The Guardian.