“БОМБА“ ОД БЕЛАТА КУЌА ШТО ГИ ШОКИРАШЕ УКРАИНЦИТЕ – “Ни снемува пари и речиси немаме време…“

Висока функционерка од Белата куќа, Шаланда Јанг, во понеделникот предупреди преку писмо до претседателот на Претставничкиот Дом, републиканецот Мајк Џонсон и конгресните лидери дека на Соединетите Американски Држави им снемува време и пари да и помогнат на Украина во војната со Русија.

Во октомври, администрацијата на претседателот на САДЏо Бајден, побара од Конгресот финансирање од речиси 106 милијарди долари за амбициозните планови насочени кон безбедноста на Украина, Израел и границата на САД.

Претставничкиот Дом е контролиран од многу мало мнозинство републиканци, кои веруваат дека финансирањето на Украина стана политички контроверзно.

Во писмото објавено од Белата куќа, Шаланда Јанг истакна дека прекинот на финансирањето и испраќањето оружје во Украина може да ја зголеми веројатноста за руска победа.

Сакам да бидам јасна: без акција од Конгресот, до крајот на годината ќе снемаме ресурси за набавка на повеќе оружје и опрема за Украина, како и за набавка на опрема од американските воени залихи“, напиша таа.

Нема магичен фонд со средствата што ни се достапни во овој момент. Ние сме без пари и речиси без време“, напоменува Шаланда Јанг.

До средината на ноември, Министерството за одбрана на САД искористи 97 отсто од дополнителните 62,3 милијарди долари што ги доби, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари од фондот за воена помош што му беше доделен“, пишува Шаланда Јанг.

За економска помош се потрошени околу 27,2 милијарди долари, а за хуманитарна помош уште десет милијарди.