“БОМБА“ ОД БРИСЕЛ – Ја шокираше европската јавност, ги разбесни земјите-членки на ЕУ, а потоа наеднаш се предомисли: Што се случи со Шарл Мишел ?

Откако ја шокираше европската јавност и налути многу земји-членки на Европската унија (ЕУ) со најавата дека ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, направи нов пресврт. Тој се откажа од кандидатурата за функцијата претставник во Европскиот парламент и потврди дека ќе остане на чело на Европскиот совет до крајот на мандатот.

Шарл Мишел се предомислил по бурните реакции дека личните интереси и амбиции ги става пред интересите на Европската унија и највисоката функција што ја има во ЕУ. Одлуката на Шарл Мишел да остане до крајот на мандатот беше објавена само пет дена пред вонредниот самит на ЕУ, со кој тој ќе претседава, а на кој ќе се разговара за ребаланс на повеќегодишниот Буџет на Европската унија и 50 милијарди евра помош за Украина.

Шарл Мишел

Шарл Мишел пред неколку недели шокираше со најавата дека ќе биде носител на Либералната листа во Белгија на изборите за Европскиот парламент на 9. јуни годинава. Тоа значеше дека тој дотогаш ќе мора да се повлече од позицијата претседател на Европскиот совет. На овој начин таа позиција би останала празна половина година пред истекот на мандатот. Тоа би била крајно непријатна ситуација бидејќи или ќе треба да го изберат неговиот наследник или да назначат привремен претседател на Европскиот совет. Неговата улога би ја презел претседателот на Владата, кој би имал ротирачко претседателство со Европскиот совет. Во втората половина од оваа година тоа би бил премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Одлуката на Шарл Мишел да си замине пред мандатот беше понижување за функцијата што ја има, која формално е највисоката функција во Европската унија. Критиките ги нарече неоправдани, но со сегашната одлука да се повлече од европските избори и да остане на чело на Европскиот совет до крајот на мандатот, подлегна на притисоците.

Најавата на Шарл Мишел за неговото предвремено заминување од сегашната позиција отвори простор за различни шпекулации.

Останувањето на Шарл Мишел до крајот на мандатот значи дека сите водечки функции во институциите на ЕУ ќе се решаваат како пакет откако ќе бидат познати резултатите од европските избори.