ФОТО | Сопругата на Здравко Чолиќ “уловена“ без грам шминка пред нејзината семејна вила: Рацете и биле полни со ќеси, а приватен возач и ја отвора вратата – еве како изгледа и живее Александра

Најголемата балканска музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, со децении е во среќен брак со сопругата Александра со која има две прекрасни ќерки Уна и Лара.

Александра Чолиќ ретко се гледа во јавност, но екипата на српскиот веб-портал Blic.rs летово ја фати пред семејниот дом додека пазарела во супермаркет.

Имено, сопругата на Здравко Чолиќ била облечена во бела маица со кратки ракави, црни панталони и папучи, а во рацете имала ќеси.

Она што малкумина го знаат е дека семејството на Здравко Чолиќ има приватен возач, кој во тој момент и ја отворил вратата од автомобилот на Александра Чолиќ, ја возел да купи намирници, а потоа повторно го направил истото пред нејзиниот дом на враќање.

Сопругата на Здравко Чолиќ во набавка
Александра Чолиќ

Да потсетиме, Здравко и Александра Чолиќ се долги години во брак. Александра Чолиќ е професорка по географија, а со години е безусловна поддршка на пејачот.