ФОТО | Каде отиде Новак Ѓоковиќ по поразот од Јаник Синер ? Се појавија фотографии и едно е сигурно: Србинот нема да го гледа финалето на Австралија Опен во живо

Новак Ѓоковиќ нема да го следи во живо финалето на Австралија Опен меѓу Јаник Синер и Данило Медведев. Најдобриот светски тенисер го напушти Мелбурн. Навивачите го „уловиле“ на аеродромот и таму тој ги пречекал, им давал автограми и се фотограгирал со нив, а потоа застанал во редот и се качил на неговиот лет.

Не се знае каде точно отишол, иако се претпоставува дека следната дестинација е Марбела (Шпанија) и дека таму е неговата сопруга Јелена со нивните деца Стефан и Тара. Српскиот ас на почетокот на сезоната и пред почетокот на првиот Грен Слем во сезоната изјави дека многу му недостасува семејството и дека му е се потешко да се одвои од нив кога оди на турнири.

Следниот Грен Слем е Ролан Гарос (26. мај до 9. јуни). Се чини дека во февруари нема да игра ниту еден турнир, додека во март се закажани Мастерсот во САД, Индијан Велс (од 6. до 17. март) и Мајами (од 20. до 31. март). Потоа следува сезоната на земјени терени, Мастерс во Рим (од 7. до 14. април), Мастерс во Мадрид (од 24. април до 5. мај), потоа Мастерс во Рим (од 8. до 19. мај).

Ролан Гарос е далеку во моментов, глина, различна подлога, различни услови. Некои се поголеми фаворити од мене, затоа што им одговараат повеќе подлоги. Ако игра Рафаел Надал, тој е фаворит број еден, без разлика на се. Тука се и Карлос Алкараз, Јаник Синер… Уште е далеку, има уште неколку месеци до тој турнир“, порача Новак Ѓоковиќ по поразот на Австралија Опен.