Борел: ЕУ повикува на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

– Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел по состанокот на Советот на ЕУ изјави дека земјите-членки бараат итен прекин на огнот меѓу Хамас и Израел и отворање на хуманитарни коридори.

Тој на прес-конференцијата по средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ рече дека не е ново за земјите членки да се договорат за заеднички повик за прекин на огнот, туку дека се работи за определба за итен прекин на борбените дејствија.

– Конфликтот во Украина останува приоритет. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во нејзината борба против руската инвазија, рече Борел.

Борел додаде дека на состанокот се разговарало за нов пакет санкции против Русија, кои ќе вклучуваат забрана за увоз на руски дијаманти, нови санкции за банки и поединци.

Советот на министри за надворешни работи разговараше и за зајакнување на соработката со Ерменија и поддршка на нејзините демократски избрани власти, нејзината отпорност, нејзината безбедност и продолжување на реформите во земјата, информира високиот претставник на ЕУ.