Борел: „Израел не треба да биде имун на критики“

– Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, денес истакна дека Израел не треба да биде имун на критики.

Обраќајќи се пред Европскиот парламент, Борел рече: „Гледаме како бомбардирањата во Газа создадоа хуманитарна катастрофа без преседан. Но, не хуманитарна катастрофа од природно потекло, туку онаа што ја создаде човекот со спречувањето на населението да имаат пристап до основните добра. Самите Обединети нации го опишуваат како масакр.“

„Треба да биде можно да се признае правото на Израел да се брани, а истовремено да биде подложен на критики за она што им се случува на цивилите во Газа и на Западниот Брег“, додаде тој.

Борел додаде дека треба да биде можно да се брани правото на Палестинците да имаат држава без да бидат опишани како антисемитисти.

„Политиките на секоја влада, вклучително и на Израел, може да бидат критикувани“, нагласи тој.

Истакнувајќи дека Меѓународниот кривичен суд веќе е во процес на истрага за она што се случува на Западниот Брег и Газа, Борел додаде дека додека го користи правото на самоодбрана, Израел мора да ги исполни и своите законски обврски.

Тој додаде дека ЕУ е исто така многу загрижена поради нападите врз палестинските цивили од страна на еврејските доселеници на Западниот Брег.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа над 14.128 Палестинци, од кои 5.840 се деца и 3.920 жени, според здравствените власти во енклавата.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во воздушните и копнените напади на Израел врз опколената енклава.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.