Борел: Односите ЕУ – Кина зависат од Пекинг

– Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел изјави дека односите помеѓу Кина и Европска Унија ќе зависат од однесувањето на Пекинг, вклучително и тоа што се случува во Тајван.

Борел поради Ковид-19 не присуствува на средбата на министри за надворешни работи на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), што денеска почнува во јапонското одморалиште Каруизава и ќе трае до 18 април.

Тој во изјавата дадена пред почетокот на Самитот Г7 истакна дека две теми ќе бидат важни на тридневната средба: потребата од унифициран пристап кон Кина и загриженоста за Тајван.

Кина е централна тема на средбата на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Г7.