Леброн: Секој од шеснаесетте тимови имаат шанси за успех во плејофот

 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс во пресрет на првиот натпревар од првото коло од плејоф серијата против Мемфис изјави дека плејофот започнува со чиста листа за сите учесници во разигрувањето.

– Во плејофот има 16 екипи и секоја од нив има шанси за успех. Почетниот резултат во серијата е 0:0. Ние играме против многу силен противник и кон него се однесуваме со голема почит. Мораме да бидеме подготвени за предизвикот, изјави Џејмс.

Првиот натпревар од серијата до четири победи меѓу Мемфис гризилис и Лос Анџелес лејкерс ќе се игра вечер од 21 часот на теренот на Мемфис.