Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, кој ќе посредува на средбата на високо ниво меѓу премиерот Албин Курти и Александар Вучиќ, вели дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се во Охрид.
Борел на Твитер пишува дека денеска во Охрид ќе се разговара со премиерот Албин Курти и со српскиот претседател Вучиќ за Анексот за имплементација кој е дел од Договорот што го отвора патот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.