Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Јосеп Борел, најави дека ќе ги покани Косово и Србија на итен состанок следната недела во Брисел.
– Знаете дека таму имаше инцидент во врска со апсењето на тројца полицајци од Косово и се обидуваме да разбереме што точно се случило. Во близок контакт сме со командантот на КФОР и со двете страни за да видиме што навистина се случило што доведе до ова апсење – изјави тој за новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за внатрешни работи ЕУ-НАТО, пренесува АП.
Борел најави дека во меѓувреме ќе ги покани двете земји на средба.
6 – Во меѓувреме мораме да повикаме на смиреност на теренот и да видиме дека состојбата секој ден се влошува, ние сме во режим на управување со кризи. Ќе ги повикам двете страни, Косово и Србија, на состанокот за управување со кризи овде во Брисел следната недела – рече тој.