Борел: Проширувањето на ЕУ претставува геостратегиско вложување во мирот, безбедноста и напредокот

– Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денес по повод самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан, објави дека проширувањето на блокот е геостратегиска инвестиција во „мирот, безбедноста и напредокот“.

Борел истакна дека претстојниот самит во Брисел е „најважна средба“ на ЕУ и Западен Балкан оваа година.

Тој додаде дека тоа ги зајакнува врските на блокот со регионот и ја подобрува соработката за надворешни и безбедносни прашања.

Пред самитот Борел, во видеото објавено на платформата Х, додаде дека Западен Балкан е од стратегиско значење за Европската Унија, како и дека Унијата „смета на идните членки како сигурни партнери“.

Лидерите на шесте земји од регионот ќе се состанат денес во Брисел на самитот Европска Унија – Западен Балкан, а на средбата ќе доминираат теми за тоа како двете страни можат заедно и ефективно да одговорат на предизвиците во сѐ покомплексниот геостратегиски контекст.