Борисов: ,,Мудар сум и искусен и затоа денес ќе ги победам колегите!”

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов го оствари правото на глас.

-,,Денес е лесно, од утре ќе биде потешко”, изјави за медиумите, веднаш по остварувањето на правото на глас.

Тој ги повика сите да гласаат, и нагласи дека очекува голема излезност.

-,,Денес е лесно, од утре ќе биде тешко”, рече Борисов и веднаш почна да зборува за инфлацијата и за буџетот.

Според него, преодната влада веќе се „гуши“ и треба многу работи да се направат во државата.

Борисов очекува и поголема мудрост од политичарите „иако сега се чини дека сме сами против сите“. Тој изјави и дека секогаш демонстрирал компромис.

Бојко Борисов е подготвен да биде пратеник и посочи дека, со мудроста и искуството што ги има сака да ги победи колегите.

Најдоброто нешто за Бугарија е да има редовна влада, посочи и потенцира дека потребна е стабилна коалиција, која е потребна за формирање стабилна влада.

-,,Ако нема мнозинство, нема да има усвоен буџет и државата ќе банкротира”, стравува лидерот на ГЕРБ.

Борисов негираше дека се чувствува како национален спасител.

-,,Мораме да застанеме со демократскиот свет”, рече тој за војната во Украина.

Според Борисов, најлошото сценарио е да не се формира редовна влада.