Борис Џонсон објаснува зошто нема потреба да се плашиме од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, смета дека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа не треба никого да плаши.

„Не сум песимист како некои луѓе за тоа. Мислам дека ниту еден претседател на Соединетите Американски Држави не може да дозволи (Владимир) Путин да победи во Украина. Само не разбирам како е тоа можно“, рекол Џонсон, пишуваат странските медиуми .

Тој нагласи дека Трамп е првиот американски претседател кој на Украина и подари сериозно оружје – „Javelin MANPADS“, што се покажа како многу важно во битката за Киев.

Џонсон потсети и дека Трамп го извршил најголемото протерување на руски дипломати.

„60-те руски дипломати што ги протера беа многу повеќе отколку што очекувавме. Значи она што го велам е: американската внатрешна политика е комплицирана. Во пресрет на изборите ќе има многу луѓе кои кажуваат секакви работи“.

„Но, кога станува збор за овој случај, во основа интересите на Соединетите Американски Држави се во поддршката на Украина, во поддршката на демократијата, во спречувањето на агресијата. Ова е од секакви причини. Но, мислам дека е во најдобар интерес на Доналд Трамп да не изгледа дека може да биде поразен од Путин“, рече Џонсон.

Инаку, поранешниот британски премиер на 24 февруари повторно го посети Киев, пишувајќи дека „на оваа мрачна втора годишнина од инвазијата на Путин, чест ми е што сум овде во Украина“.

Џонсон беше премиер на Обединетото Кралство на почетокот на целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година.

Тој поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија во јули 2022 година.

Сепак, Џонсон беше клучен поддржувач на Украина од почетокот на сеопфатната војна со Русија, осигурувајќи дека Украина добива критична воена помош од Велика Британија.

Од неговата оставка, Џонсон продолжи да притиска Западот да обезбеди поголема воена поддршка за Украина.

На Џонсон му беше доделена титулата „почесен граѓанин“ на Киев во ноември 2022 година од Виталиј Кличко во ноември 2022 година.