Бојмацалиев: 48.000 неизработени пасоши на државно ниво, од 33.000 лични карти

Заменик Дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вели дека не се обработени 48.000 пасоши.

„Околу 48.000 пасоши на државно ниво не се обработени луѓето се фотографирани и не им се испечатени, така што го пробиваме законскиот рок. На ниво на лични карти бројката е 33.000 на државно ниво, додека на ниво на Скопје има 44.000 пасоши и 30.000 лични карти.

Со ова уште еднаш се потврдува тезата дека внатрешноста е речиси завршена, граѓаните ги сменија личните документи, остана само Град Скопје“, информира Бојмацалиев за „Сител“.

Воедно, уште еднаш нагласи дека нема саботажа во процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Морам да признаам дека колегите внатре работат напорно, но мора да се внимава целиот процес да функционира нормално. Нема друг проблем, ни треба само подобро менаџирање, што го имаше и претходно“, рече Бојмацалиев.