БП-Македонија: Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесува 4.458 милиони евра

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година достигна 4.458 милиони евра или 32,6 отсто од проценетиот БДП, соопшти денеска Народната банка.

Во четвртиот квартал од годинава нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7,3 отсто.

„На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг достигна 11.463 милиони евра и бележи квартален пораст од 386 милиони евра. Бруто странските побарувања се зголемени за 81 милион евра и достигнуваат 7.004 милиони евра. Најголемиот квартален пораст на обврските во однос на побарувањата донесе раст на нето надворешниот долг за 305 милиони евра, така што на крајот на декември 2023 година ќе достигне 4.458 милиони евра“, појаснуваат од Народна банка.

Во четвртиот квартал од минатата година, негативната позиција на нето меѓународните инвестиции се зголеми за 160 милиони евра и достигна 8.500 милиони евра, односно 62,2 отсто од проценетиот БДП за 2023 година.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (или 3,4 отсто), во услови на пораст на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), и намалување на нето јавниот долг ( за 122 милиони евра).