Бразилецот си замина од Олд Трафорд! ,,Ѓаволите” немаа веќе трпение, Ентони во Бетис со посебна клаузула

На бразилскиот талент Ентони, Манчестер Јунајтед му плати 100 милиони евра на Ајакс, не покажа ништо, а сега оди на позајмица во Реал Бетис.

Договорот е Антони да остане до крајот на сезоната во шпанскиот тим кој нема право да го откупи неговиот договор.

Бразилецот на лето ќе се врати во Јунајтед, а порталот „Гол“ пренесува дека во оваа позајмица има посебна клаузула.

Бетис ќе се соочи со санкции доколку Антони не одигра најмалку десет натпревари до крајот на сезоната.

Тоа значи дека тој мора да започне или да се појави на минимум десет натпревари за Бетис до крајот на сезоната или Шпанците ќе мора да му платат обештетување на Јунајтед.

Сезонава Антони забележа 14 настапи за Јунајтед во сите натпреварувања и беше еден од најдобрите стрелци во Купот играјќи вкупно 407 минути.