Бразилката Јоелма Алвес Габриел ново засилување во ЖФК ,,Каменица Саса”

– Женскиот фудбалски прволигаш ,,Каменица Саса” од Македонска Каменица ги засили своите редови со интернационалка од Бразил. Отсега дресот на вицешампионките од минатата сезона ќе го носи поранешната фудбалерка на Флуминенсе, Јоелма Алвес Габриел, со кој клубот потпиша едногодишен договор.

-Јоелма Алвес Габриел е фудбалерка која во претстојната година ќе допринесе со креативност, ефективност и бразилска магија во играта на тимот, истакнаа од ЖФК Каменица САСА по потпишувањето на договорот.

Јоелма Алвес Габриел, како што додадоа, освен за Флуминенсе од Бразил има настапувано за Понте Прета и Крузеиро.  

-Се работи за универзална фудбалерка која одлично се снаоѓа на повеќе позиции од средниот ред на теренот, што ќе биде предност за екипата, додадоа од таборот на каменичанки.

Претходно ЖФК ,,Каменица Саса” се засили и со Ана Симоновиќ и Алис Уолкер кои беа дел од пријателскиот натпревар кој каменичанки го добија против екипата на ЖФК ,,Деспина”.