БРАЗИЛСКИ СВЕШТЕНИК ЛЕТАЛ 8 ЧАСА ВРЗАН ЗА БАЛОНИ, А ПОТОА МУ СЕ ИЗГУБИЛА СЕКАКВА ТРАГА! Го барале со месеци, а потоа откриле нешто СТРАШНО!

Свештеник од Бразил летал закачен за балони преку океанот, но набрзо му се губи секаква трага.

Бразилскиот свештеник Антонио де Карли прелетал преку океанот врзан за илјада балони исполнети со хелиум. Со овој потег тој сакаше да собере пари за капела за камионџии во неговата парохија. Тој го започна своето патување од бразилскиот град Паранагва на 20 април 2008 година. Носеше кацига, термички одело и водоотпорен комбинезон, а беше прикачен на падобран и 1.000 балони.

Тој сакаше да го собори рекордот од 19 часа лет со балон. Тој беше искусен падобранец, помина обука за преживување, па затоа не беше почетник. Ова му беше втор пат како лета прикачен на балони. Во јануари 2008 година, тој се врзал за 600 балони и тргнал на четиричасовно патување. Потоа полета од градот Ампера и безбедно слета во Аргентина. 

За време на неговиот втор лет со балон, Де Карли имаше со себе уред за следење ГПС(GPS) и направи се што можеше за да ја информира контролата на воздушниот сообраќај за неговата позиција. Сепак, осум часа по полетувањето, исчезна од радарот. Авиони, хеликоптери и спасувачки тимови го бараа свештеникот надалеку, но безуспешно.

Два дена подоцна неколку балони беа видени во морето во близина на неговата последна точка на контакт, но тој го немаше. Неговото тело беше пронајдено неколку месеци подоцна , во јули, а ДНК тестовите потврдија дека тоа е Де Карли.

„Бевме речиси сигурни дека станува збор за свештеник поради различни елементи, како облеката и материјалите користени при патувањето со балон. ДНК само ги потврди нашите сомнежи“, изјави началникот на полицијата на Макао, Даниел Бандеира.