Компанијата „Брако“ реагираше на содржината на документарниот филм „Убиство во Тетово“ што ја објави ИРЛ.
Компанијата „Брако“ категорично и ригорозно, како што вели , ги отфрла лагите, измислиците, срамното прикривање информации и како што велат монструозните идеи на групацијата ИРЛ.
„Брако“, како што пренесува КланМ, документарецот на ИРЛ го нарекува лажна конструкција.
„Брако“ ги изгради сите 19 модуларни болници според стандардите на проектот на Светска банка и проектантската единица на Светска банка во Министерството за труд и социјална политика; типот на материјали, изолација, инсталации, уредување на простори, лаборатории и слично, без отстапување од проектите што ги добивме, за кои има документи и сертификати. Не е во наша надлежност дали и како е доекипиран објектот по прифаќањето-примопредавањето од самите болници“, велат од компанијата БРАКО.
„Брако“, како што пренесува КланМ, вели дека изградил 19 модуларни болници според проектот на Светска банка и тендерот на Министерството за труд и социјална политика, кои се веќе платени, но и три амбулантни возила во Скопје со тендерот на Министерството за здравство кои не се платени.
За ова од „Брако“ велат дека го тужеле Министерството за здравство.
Од оваа компанија, како што информираат од КланМ, велат дека Здружението на македонски новинари би се соочило со судир на интереси доколку реагира наизнесеното, бидејќи, како што велат, член на Управниот совет на ЗНМ е новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска додека ќерката на претседателот на ЗНМ, Деница Чадиковска, е дел од ИРЛ.