Зејди: Иднината ја загрозуваат некои македонски национал-шовинистички пратеници

Независниот пратеник Скендер Реџепи-Зејди преку напис на социјалните мрежи вели дека иднината на државата е загрозена од некои националисти и шовинистички пратеници во македонскиот политички блок. Зједи вели дека ја продлабочуваат економската и социјалната криза во земјава.

„Иднината на граѓаните на Северна Македонија не е загрозена ниту од соседите, ниту од нејзините граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. Не е загрозено ниту од мнозинството пратеници во собранието на РСМ (македонски, албански, турски итн.) кои се повеќе од свесни за тежината и вредноста на одлучувањето во однос на отворањето на патот кон ЕУ. Целата наша држава се испраќа на работ на пропаст, ризикувајќи дополнително продлабочување на економската и социјалната криза како и изолација од меѓународниот фактор, секогаш само поради некои национал-шовинистички македонски пратеници кои под превезот на лажен патриотизам за ниски политички поени, имитирајќи ги Гевара, Енвер Хоџа и малиот Милошевиќ, ќе ја вратат државата во 90-тите“, пишува Зејди.