БРАТОТ И ТАТКОТО НА ОСОМНИЧЕНИOТ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ ПРИТВОРЕНИ ОД ПОЛИЦИЈАTA: Еве што се случува во Бор

На братот и таткото на осомничената за убиството на Данка Илиќ (2) полицијата во Бор им одредила приведување.

Тие биле донесени синоќа и по извршениот разговор во полиција им била одредена мерка притвор до 48 часа , пренесува Телеграф .

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор под сомнение за убиство.

Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се колеги од ЈКП Водовод и на 26 март со службено возило ја удриле девојката, а потоа нејзиното тело го однеле до депонијата каде што првично го фрлиле. Потрагата трае од завчера, а испитуваат и бараат дали е пренесено од тоа место.

Осомничените за убиството на Данка Илиќ синоќа биле сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го признал делото, додека другиот се бранел молчејќи.

„Осомничените биле сослушани во обвинителството, при што Д.Д во целост го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење“, информираат од Обвинителството.

На предлог на обвинителството, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар на осомничените им одреди мерка притвор до 30 дена.